(ВИДЕО) Амбасадори: Власта да ги заштити сите граѓани, не само своите гласачи

Од:

Попладнево, ЛГБТИ Центарот за поддршка го посетија евроамбасадорот Аиво Орав, амбасадорката на Франција, Лоренс Оер, в.д амбасадорот на кралството Холандија, претставници од американската, британската и од словенечката амбасада во земјава. Поводот беше нападот што се случи минатата недела, за време на роденденската прослава на ЛГБТИ Центарот, кога група насилници фрлаа сокамења и шишиња и повредија двајца гости.

Амбасадорот Орав рече дека дошле во ЛГБТ центарот да дадат поддршка бидејќи основни вредности на Европската Унија се човечкото достоинстово, слободата, демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права. Тој потсети на Виенската конвенција на ОН од 1993 година според која должност на државите е да ги заштити човековите права и фундаментални слободи на поединците.

– Минатата недела, овде во Скопје, имаше напад врз ЛГБТИ заедницата и ние денеска како претставници на земјите на ЕУ и на американската амбасада и многу сериозно го осудуваме овој напад и апсолутно сме сигурни дека властите во земјава ќе спроведат ефикасна и брза истрага на овој случај, а исто така и за претходните напади врз ЛГБТИ заедницата, со цел да ги најдат напаѓачите, рече евроамбасадорот Орав.

Тој додаде дека нема да дава проценка кога ќе се најдат виновниците за нападите, но изрази сигурност дека властите даваат максимум за да се пронајдсат сторителите.

Питер Верхеен в. д. амбасадор на Холандија рече дека неговата земја ја поддржува ЛГБТИ заедницата насекаде низ светот.

– Ова е шести напад на ЛГБТИ заедницата овде во Македонија, дожност е на владата да ги заштити сите свои граѓани, не само своите гласачи, туку сите граѓани. И должност е на секое малцинство да заштити секое друго малцинство и мора да кажам дека оваа Влада мора да преземе се’, за да напаѓачите ги донесе пред правдата. Со оглед на тоа дека и во претходните случаи имаме побарано од Владата да преземе дејствија, се надеваме дека овој пат Владата ќе ги преземе на ефикасен начин, рече Верхеен.

Уранија Пировска извршен директор на Хелсиншкиот комитет за човекови права, им се заблагодари на дипломатите за поддршката.

– И да ја пренесат пораката дека овој – шести напад врз ЛГБТИ заедницата во Република Македонија, би требало да биде показател за тоа дека е неопходно потребно да се спроведе ефективна истрага која што на крајот, ќе доведе до тоа да бидат фатени сторителите, не само на овој последен напад, туку и на претходните напади кои што се случија, а беа 5 и дека тие сторители ќе бидат изведени пред лицето на правдата, рече Пировска.

Програмскиот директор на ЛГБТИ центарот, Кочо Андоновски им објасни на високите дипломати дека нападот во кафе барот Дамар што се случи на 23 октомври е најбруталниот досега, шести по ред напад врз ЛГБТИ заедницата во Скопје, но и врз активистите за човекови права. Досега, ниту еден од претходните случаи не е расветлен.

 

А.Б.

Би можело да ве интересира

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

Орце Костов

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Англиската црква се извини поради третманот на лицата од ЛГБТ заедницата: Длабоко ни е жал

А1он