(ВИДЕО) Алиу: Баравме измена во изборниот законик со цел изедначување на гласот на сите граѓани

Од:

Пратеничката група на ДПА поднесе предлог-закон за измени во изборниот законик со што ќе се дојдеше до ситуација да имаме изедначување на гласот на сите граѓани подеднакво, рече пратеникот на ДПА, Имер Алиу.

– Актуелниот изборен законик е изгласан со мнозинство гласови од македонските партии заедно со ДУИ, само ДПА беше против. Главната причина зошто гласавме против овој законик беше токму неизедначување на тежината на гласот на граѓаните во Република Македонија. Тежината на Албанскиот глас во Тетово или Гостивар тежи најмалку 10% повеќе од тежината на еден гласач во третата или четвртата изборна единица, рече Алиу.

Според него, македонските партии кои не ги прифатлие овие измени сакаат да го спасат ДУИ, бидејќи како што рече, овие решенија се донесени по вина на Демократската унија за интеграција.

Би можело да ве интересира

За СДСМ и гласањето по пошта е можност за кражба, за Левица дијаспората е „промашена тема“

ВИДЕО: Мицкоски вели дека опозицијата ги радикализирала барањата за да нема договор за Изборниот законик

Катерина Ѓуровски

Филипче: Нема да дозволиме изборен грабеж, нашиот став е принципиелен

Мицкоски вели може да се преговара за начинот на гласање на дијаспората

Катерина Ѓуровски

Рокас: Измените на Изборниот законик се добри и се надевам дека партиите ќе постигнат консензус

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат