(ВИДЕО) Алаѓозовски: Директори што го поддржуваат режимот кријат имот, Антикорупциска да не молчи, ќе има одговорност!

Од:

„Укажуваме дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ го кршат законот со тоа што не доставиле податоци за нивната имотна состојба што е казниво дело со закон!

Станува збор за директори на национални установи и институции коишто се гласни поддржувачи на режимот во заминување.

Што кријат овие лица во врска со нивната имотна состојба и за тоа ли ги штити Антикорупциската комисија?

Антикорупциската комисија инструирана од Груевски и соработниците нема право да штити функционери на ВМРО-ДПМНЕ на сметка на интересите на граѓаните.

Директори на 5 национални културни установи и институции немаат доставено анкетни листови за својата имотна состојба, иако подолг период се раководни лица.

Според законот имале должност најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот или именувањето, да пополнат анкетен лист за својот имот и за имотот на членовите на своето семејство.

Овие податоци треба да бидат јавно достапни на веб страницата на Антрикорупциската комисија.

Порачуваме дека директорите кои не ја исполниле својата обврска и Државната комисија за спречување на корупцијата имаат должност да постапат согласно законот и да им овозможат на граѓаните увид на во имотната состојба на функционерите кои освен што се директори учествуваат во реализација на партиски активности и опасни провокации на штета на граѓаните“, изјави Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он