ВИДЕО: Ако власта не почне реконструкција, СДММ ќе почне акција за спас на домот Гоце Делчев

Од:

„Катастрофалните услови во коишто живеат студентите го достигнаа плафонот. За тоа сведочат еве овие нови запрепастувачки фотографии од студентскиот дом Гоце Делчев во Скопје. Срушен е таванот во еден од ходниците во блокот В.

За мизерните услови во овој студентски алармиравме повеќе пати. Дури и светската јавност информираше за мизерните услови во кои живеат студентите во Македонија“, рече Дарко Каевски, потпретседател на СДММ.

„Безбедноста на студентите е загрозена. Кровови почнаа да им се ронат над главите.

Власта е нема. Десет години досега Груевски и ВМРО-ДПМНЕ имаа можност да направат реконструкција. Но поважни им се спомениците, галиите, Панорамското тркало од 11 милиони евра, Шпанските скали, криминалната реконструкција на нивното партиско седиште…

Срамни се неуспешните обиди од студентскиот дом Гоце Делчев да ја правдаат власта. И тие знаат што се ја надополнува оваа хорор приказна на нови несреќи, расипани лифтови, рестрикции на струја, но и на храна.

Plafon GD 1

Тоа е сега новина.

  • Поскапени се продуктите во бонската продавница!

Постојат големи рестрикции и недостаток на храна. Набавките на продукти одат тешко.

  • Ако лебот минатата година чинел 40 бонови, сега е 70 бонови или во пари преведено –од 20 денари поскапел на 35 ДЕНАРИ. ЗА 15 ДЕНАРИ!

Ќе ги повториме решенијата од Програмата на СДСМ.

  1. Да се изгради нов студентски град, со нови студентски домови!
  2. Во градовите коишто се седишта на државните универзитети, да се изградат нови студентски домови!
  3. Целосна реконструкција на постоечките студентски домови!

Овие проекти се остварливи, само е потребно пренасочување на народните пари од неразумните трошења во реалните потреби. Едноставно е.

Plafon GD 2

НЕ за панорамско тркало од 11 милиони евра – ДА за нови студентски домови!

НЕ за фасади и милионски огради – ДА за модернизација на постоечките студентски домови!

Доколку власта веднаш не почне со реконструкција на студентскиот дом Гоце Делчев, Социјалдемократската младина ќе помогне со сиот свој човечки капацитет, ќе ги повикаме сите млади луѓе кои сакаат подобри услови, во една модерна акција за спас на домот.

Во меѓувреме, порачуваме, дека евентуалните несакани последици врз студентите од руините под коишто живеат, ќе бидат одговорни министерот за образование и Никола Груевски“, изјави Дарко Каевски, потпретседател на СДММ.

Би можело да ве интересира

Зечевиќ од Летниот камп на СДММ: Членството во ЕУ е клуч за подобра иднина, отвора врата на безброј можности за младите

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Петковски: Заради ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска на Скопје му се случува она што и се случи на салата „Расадник“

Ана Ололовска

СДММ: Хуманитарна акција, спортски турнир „Млади и солидарни“ за помош на млади и деца со посебни потреби

Ана Ололовска

СДММ ја поддржува иницијативата на студентите, Белиот дворец да стане студентски дом

ВИДЕО: Подарок шахта и тоалет од младите на СДСМ за Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Анчевска: Историски најниско ниво на невработеност од 15.9 % невработеноста кај младите намалена на 29%

Ана Ололовска