(ВИДЕО) Ахмети пристигна во Пржино

Од:

И лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пристигна во резиденцијата на ЕУ во Пржино.
Ахмети ги избегна новинарите и на влегување во резиденцијата не сакаше да даде изјава.

Прв пристигна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски придружуван од министерот за надворешни работи Никола Попоски и од заменик министерката за правда Билјана Бришковса Бошковски.

Еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан попладнево во резиденцијата на ЕУ во Пржино со тоа ги започна одделните средби со лидерите на политичките партии за имплемнтацијата на договорот од Пржино.

На разговорите пристигна и белгискиот посредник во разговорите на политичките партиите за имплеметација на оговорот од Пржино, Питер Ванхауте.

За 16 часот е закажана средба со лидерот на ДПА Мендух Тачи. Еврокомесарот Хан треба да се сретне и со лидерите на СДСМ Зоран Заев.

По одвоените средби, можна е и заедничка средба на Хан со лидерите на четирите партии.

Хан на неговиот твитер профил пред денешната посета на Македонија напиша „на пат кон Скопје, ќе се сретнам со сите политички партии за да притиснам за итен напредок на политичкиот договор“.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Единствениот Албанец од вкупно 12 во Комисијата за наградата „8 Септември“ се предлага самиот себеси за добитник

Влен: ДУИ се нервозни затоа што Изет Меџити ги „изгоре“ во Изборна единица 1

Влен: ДУИ и Јетон Шаќири го уништија образованието

Османи: Разобличив уште една манипулација на ВЛЕН

Горан Наумовски

ДУИ: Наместо уставни измени и европска интеграција, Вреди ја отвори вратата за опасни влијанија од Белград и Москва

Османи: Чаир има потенцијал да биде не само општина, туку и симбол на културната ренесанса на Скопје