(ВИДЕО) Ахмети: Сите треба да се изјаснат дали се исполнети условите за избори

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција пред средбата со еврокомесарот Јоханес Хан кажа дека се уште немаат разговарано за деталите за името на премиерот, но сигурно е дека на ВМРО-ДПМНЕ им следува да кандидираат премиер кој ќе ги организира изборите.

Во однос на прашањето дали се исполнети условите за избори и дали има време за прочистување на избирачкиот список Ахмети кажа дека сите треба да го изнесат своето мислење.

– Сметам дека сите институции треба да се изјаснат за оваа одлука и да дадат проценки и мислења до каде се стигнати подготовките за организирање избори, вели Ахмети.

По разговорот со еврокомесарот, Али Ахмети рече дека има надеж до крајот на денот да се изнајде решение.

Сметам дека сме блиску до решение кое ќе биде прифатливо за сите страни, но остануваат уште две технички прашања, тоа се методологијата на прочистување на Избирачкиот список и медиумите, рече Ахмети.

Тој додаде дека по средбата со Хан на четворицата лидери во 15:30 часот, лидерите и европретставниците ќе излезат со решение за политичката криза во Македонија.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански