(ВИДЕО) Ахмети: Гледам подготвеност на сите да се реши кризата денеска

Од:

Лидерите на ДУИ, Али Ахмети се сретна со еврокомесарот Јоханес Хан во ЕУ инфо центарот, пред средбата на еврокомесарот и тројцата европратеници до претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Средба имаше и со претседателот на ДПА, Мендух Тачи. Ахмети по средбата кажа дека гледа подготвеност од сите да се реши кризата денеска.

– Демократската Унија за интеграција ги даде своите предлози за решавање на кризата. Сметам дека не би било во полза на решението ако ги претставам сите предлози пред вас, разговорите ќе продолжат со сите политички партии. Сметам дека најбитен момент денес е сите политички партии да ги надминат своите интереси и да ги постават државните пред партиските интереси. Според мое мислење, и разговорите што ги водев, гледам готовност на сите нив да ја решиме кризата и да ја вратиме земјата на правиот пат. Денеска цел ден ќе бидеме заедно и ќе се информираме заедно, рече Ахмети.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански