(ВИДЕО) Адвокатката на Ѓошевски: Кацарска поставуваше прашања што не се во согласност со ЗКП

Од:

Ружица Николовска, адвокатката на обвинетиот Горан Ѓошевски, шеф на обезбедувањето на експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, по денешното сведочење на Ѓошевски изјави дека судијката Добрила Кацарска на обвинетиот му поставувала прашања кои не се во согласност со Законот за кривична постапка.

– Самиот суд поставуваше прашања што не е во согласност со ЗКП, со дополнителни разјаснувања за што сметам дека, секој од нас ќе го смета на свој начин. Недозволиво е за било кого да се даваат коментари. Имаше моменти каде што имаше опуштена атмосфера и смеење, но сметам дека во давањето исказ на еден обвинет поготово на некој кој му се става на товар вака сериозно кривично дело би било соодветно секој од нас да се воздржи од било какви коментари, рече Николовска.

На новинарското прашање дали Ѓошевски ѝ помагал на толпата да стигне до прес центарот, Николовска рече дека од денешната изјава не може да се дојде до таков заклучок и дека невиноста на обезбедувањето на Вељаноски ќе се утврди со понатамошните докази на другите обвинети.

По сведочењето изјава за медиумите даде и самиот Ѓошевски во која истакна дека остава на судот како ќе го толкува неговото сведочење за 27 април во Собранието каде бил присутен по наредба на претпоставен.

-Јас си кажав кои биле моите работни обврски и зошто сум се појавил во Собранието тој ден односно дека сум бил службено по барање на мојот претпоставен. Моите постапки се преточени во нашите решенија за работа и таму е децидно кажано кои се моите ингеренции и каде можам јас да постапам, рече Ѓошевски кој тврди дека не помагал во координација на толпата внатре во Собранието.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава