(ВИДЕО) Адеми: Нема покомотна партија од ДУИ во моментов

Од:

Нема недопирливи, нерешливи и табу-теми вели пратеникот од ДУИ, Џеват Адеми , за несогласувањата во владината коалиција. Тој уверува дека се бараат заеднички решенија за прашања за кои немаат ист став, без да прецизира за кои теми станува збор. Во однос на изборот за претседателски кандидат Адеми е уверен дека има доволно време бидејќи изборите сè уште не се распишани и сите опции се во игра.

„ДУИ има официјален став дека може да настапи и со свој кандидат, но отворени сме до крајниот рок, т.е. 30 дена пред одржувањето на првиот круг од изборите, така што ДУИ е комотен – си има кандидати и квалитети и опции“, рече Адеми.

На прашање дали интегративците се комотни и по обвиненијата на СЈО, Адеми вели дека тоа е една од темите за кои се разговара, а за партискиот рејтинг, немало покомотна партија од ДУИ.

„Денеска сме 2019, ден по потпишувањето на протоколот за НАТО, во ситуација сме кога ДУИ оствари сè што понуди на граѓаните во предизборна и политичка платформа. Покомотна партија од ДУИ во овој момент нема“, порача Адеми.

Министерката за труд и социјала, Мила Царовска, пак, денеска без конкретен одговор за несогласувањата во владината коалиција, откако претходно таа ја обелодени аферата за пензиските фондови, поврзана со раководни лица од ДУИ, што Ахмети ја протолкува како отворена војна против неговата партија.

„За да се направи пензиската реформа, се направија детални анализи и се утврдија недостатоците во системот. Сè она што се виде и се утврди како заостанување и недостиг на одредени финансиски средства кои не биле префрлувани кај граѓаните во вториот столб, го направивме како законска измена и ги обесштетуваме граѓаните. За сите други елементи ќе ве упатам во Основното јавно обвинителство каде се предадени сите пронајдени елементи“, изјави Царовска.

Би можело да ве интересира

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ

ВРЕДИ: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

ДУИ: Бараме итна истрага за Бурим Латифи за штетата од шест милиони евра во МЕПСО

За ДУИ, владата на Мицкоски е неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот