(ВИДЕО) Абази за блискоста со Ахмети: Можеби сме се сретнале, дружењето со такви личности не е забрането

Од:

Ислам Абази, наследникот на шефовската позиција која ја имаше Вилма Русковска, посочува дека нема никакви релации со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој не исклучува дека некогаш се сретнале во Зајас, местото од каде потекнуваат и двајцата. Пред новинарите посочи: „Дружењето со такви личности, не е во смисла забрането. Тоа е непристојно дружење во смисла ако има непристојно дружење“. Абази за Ахмети додаде: „Можеби сме се сретнале. Лични контакти немам“.

„Јавно обвинителската функција е неспоива со вршење на друга јавна функција или членување во политичка партија. Према тоа никој пат не сум бил ниту пак сум член на било која политичка партија ниту сум оставил впечаток дека имам одредени релации или позиции со одредена политичка партија“, кажа новиот шеф на ОЈО-ГОКК.

Бидејќи се шпекулираше дека е близок до ДУИ, а со тоа и дека затоа е избран за шеф на обвинителите, тој пред новинарите објасни и како ги освоил гласовите кога немал претставување.

„Со колегите се познаваме долги години. Кога ќе ја видите структурата на гласови како сум ја добил по вишите подрачја ќе видите дека имам гласови од апелационото подрачје Битола, Штип, Гостивар… Тие во мене препознаа човек кој ќе биде успешен.
Најпрво ќе се запознаам со состојбите и работите во тоа обвинителстго и битно е да се пополнат празните работни места за обвинителите да ги пополниме местата во истражниот центар и да воведеме дигитализација на јавното обвинителство“, додаде Абази.

На обвинителот Ислам Абази му е предизвик да работи како шеф на обвинителите кои гонат организиран криминал и корупција, рече пред новинарите. Се заблагодари за гласовите и кажа дека за него се мотив за професионално да раководи. Тој беше избран со 66 гласови, а право на избор имаа 163 обвинители.

Би можело да ве интересира

Сиљановска не сака да коментира за „квалификацијата шпионска афера“, збунета е од одговорите на Обвинителството за организиран криминал

Катерина Ѓуровски

„Глодари“ испраќаат анонимни пријави, Абази шири паника – Мицкоски за шпионската афера во претседателскиот кабинет

Катерина Ѓуровски

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

Милошоски: Ислам Абази има лична и политичка концесија кон Ахмети, Заев и Филипче

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски