ВИДЕО: 16 лица приведени за пустошење на шуми во прилепско

Од:

На 26 мај, на повеќе локации во место викано Борула, прилепско е спроведена координирана акција по Оперативна акција „Гора” на СВР Битола-ОВР Прилеп – НККР, Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции со поддршка на ЈП Национални шуми и внатрешна контрола на ЈП Национални шуми . Од слобода се лишени И. А.(35), С. А.(58), А.З. (27) Д.А. (25), Н. М. (26), М. А.(24), А.А. (41), Ш.З. (41), П.К. (42)сите од Прилеп, како и седум малолетници, соопшти МВР.

– Пронајдени и одземени се шест патнички моторни возила, натоварени со дрва. Одземени се и шест моторни пили, 15 коњи и дрвна маса од околу 45 метри кубни, кои се предадени на шумочуварската служба при ЈП” Национални шуми”, извести МВР.

По документирање на службениот материјал ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Прилеп по член 226 “Пустошење на шуми” од КЗ на РСМ.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари