(ВИДЕО) 14-та по ред крводарителска акција на СДММ Прилеп

Од:

Социјалдемократската младина на Македонија од Прилеп, останува верна на принципот на хуманост и под мотото „Дарувај крв, спаси живот“, ја организира 14-тата по ред, традиционална крводарителска акција, рече Александар Џагадуроски – Претседател на ЛК СДММ Прилеп.

Доследни на солидарноста, како еден од основните столбови на социјалдемократијата, секоја година даваме личен придонес во спасувањето, или продолжувањето на нечиј живот.

Преку ваквите активности сакаме да ја пробудиме хуманоста во општеството, како највисока доблест на секој човек!

Испраќаме апел до сите млади, како и до сите граѓани на општина Прилеп, да даруваат крв, но исто така, да им помагаат на своите сограѓани кои припаѓаат на ранливите категории, социјалните случаи, на старите, на изнемоштените и болните!

Во овие тешки времиња, кога сиромаштијата е висока како никогаш порано, повикуваме на граѓанска солидарност како најчовечка особина!

Би можело да ве интересира

Зечевиќ од Летниот камп на СДММ: Членството во ЕУ е клуч за подобра иднина, отвора врата на безброј можности за младите

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Петковски: Заради ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска на Скопје му се случува она што и се случи на салата „Расадник“

Ана Ололовска

СДММ: Хуманитарна акција, спортски турнир „Млади и солидарни“ за помош на млади и деца со посебни потреби

Ана Ололовска

СДММ ја поддржува иницијативата на студентите, Белиот дворец да стане студентски дом

ВИДЕО: Подарок шахта и тоалет од младите на СДСМ за Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Анчевска: Историски најниско ниво на невработеност од 15.9 % невработеноста кај младите намалена на 29%

Ана Ололовска