ВИДЕО: 120 хуманитарни пакети за социјално загрозени семејства од Карпош

Од:

Со врачување на 120 пакети со прехранбени продукти, облека и средства за хигиена, денеска се заокружи големата хуманитарна акција која Општина Карпош заедно со граѓаните и локалната администрација ја спроведе по повод 3 Ноември, роденденот на општината, мод мотото „Подај рака, донирај за твојот сосед“.

Пакетите на социјално загрозените граѓани во три урбани заедници „Карпош 2“, „Владо Тасевски“ и „Влае 1“ им ги врачи градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, кој им посака во иднина да има што помалку лица кои ќе имаат потреба за ваква помош.

„Имавме навистина успешна донаторска акција и мислам дека, од акција на акција, граѓаните на Карпош се сé похумани и искрено сакаат да помагаат. За жал, законските можности на Општината за ваква поддршка се прилично лимитирани, но се трудиме сé што можеме ние, како локална власт, да направиме за нашите сограѓани“, рече Богоев.

Додаде дека ова е еднократна поддршка, но следната година социјално загрозените земејства ќе можат да аплицираат и за еднократна парична помош.

„Интенцијата е на секој од вас, онаму каде што можеме, да му помогнеме трајно да си го реши животното прашање со вработување на некој од вас или на член од вашите семејства со што ќе обезбедите дополнителен приход што ќе ви овозможи нормално живеење“, порача Богоев.

Помошник-раководителката на Секторот за дејности од јавен интерес, Гордана Зафировска, ја спомна и можноста за поддршката од Општината за проекти на децата кои потекнуваат од семејства со материјални потешкотии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

Орце Костов

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира

(ВИДЕО) Велјановски: Со насилство се донесе буџетот на Општина Карпош