Вежба за справување во вонредни ситуации

Од:

Во организација на Дирекцијата за заштита и спасување денеска во просториите на клиничката болница „Аџибадем Систина“ ќе се одржи вежба на која ќе биде тестиран Системот за заштита и спасување на болницата.

Дирекцијата за заштита и спасување за оваа вежба обезбеди четири шатори од кои два се наменети за повредени лица, еден за починати лица и еден шатор во кој ќе биде сместен штабот за заштита и спасување на клиничката болница. Обезбедени се и 25 заштитни маски како и две санитетски возила.

Вежбата се одржува со цел да се види подготвеноста на персоналот на клиничката болница во случај на вонредни состојби и како ќе се справат со настанатата ситуација.

Предвидено е да се изведат неколку вежбовни активности и тоа евакуација на лица затекнати во објектот, гасење на избувнат пожар, пружање на медицинска помош на повредени лица како и транспорт на повредени лица до соодветни медицински установи.

За организација на вежбата, Дирекцијата за заштита и спасување поддршка добила и од Црвениот Крст како и Противпожарната бригада.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!