Невремето кутна старо дрво кое оштети кола и гаражи во Скопје, граѓаните бараат надлежните конечно да реагираат

Од:

Жител на населбата Кисела Вода на Фејсбук објави фотографии на кои се гледа како старо, исушено дрво, кое попладнево го собори силниот ветер и невремето што го зафати Скопје, паднало врз гаражи и оштетило автомобил на улицата „Вера Јоциќ“.

Граѓанинот кој ги сподели фотографиите, а во чија сопственост е една од двете оштетени гаражи, вели дека сличен инцидент имало и пред неколку години, кога, по некоја случајност, бил оштетен истиот автомобил што настрада и денеска. Тој додава дека заедно со соседите многупати залудно се јавувале кај надлежните и барале да бидат исечени старите и опасни дрвја на нивната улица.

Жителите на улицата велат дека има уште неколку вакви исушени дрвја, кои и натаму претставуваат опасност и бараат општинските или градските служби конечно да дојдат и да ги исечат.

„Што треба да се случи за да се исечат дрвата? Дали ќе може да испратите екипа со кран да интервенира и да исече пред да оштетат некого по трет пат?“, прашува оштетениот граѓанин.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Невидена бура ја погоди Далмација, улиците под вода, жителите во очај: „Никогаш не сум видел нешто вакво“

(ВИДЕО) Најмалку 35 лица загинаа во невреме, 400 се повредени

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом