Вестервеле до Иванов: Се надевам дека разумот ќе надвладее

Од:

Во фокусот на денешните разговори меѓу претседателот Ѓорге Иванов и министерот за надворешни работи на Германија, Гидо Вестервеле, биле предизвиците со кои се соочува Република Македонија во контекст на европските и евроатлантските интеграции, актуелните внатрешно-политички случувања, како и развојот на билатералните односи меѓу двете земји, соопшти Кабинетот на шефот на државата.

Претседателот Иванов побарал поддршка од Сојузна Република Германија и од другите земји-членки на Европската унија за добивање датум за почнување преговори со Унијата, а германскиот министер бил запознаен со актуелностите во разговорите за прашањето за името.

Министерот Вестервеле, како што се наведува во соопштението, изразил поддршка за евроатланските интеграции на земјава, со констатација дека за Германија не постои дилема дека иднината на Македонија е во евроатлантските семејства, оценувајќи дека интеграциските процеси се од клучно значење за зацврстување и унапредување на демократските процеси во земјава.

„Двајцата соговорници, разменија мислења и информации за актуелната политичка состојба во земјава. Претседателот Иванов истакна дека политичкиот дијалог е исклучително важен за одржување на потребниот баланс на општествено-политичките услови во кои моментално се наоѓа земјата. Тој истакнал дека во иднина, како и досега, континуирано ќе вложува максимален напор за овозможување дијалог меѓу власта и опозицијата, во насока на целокупен напредок на македонското општество“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Иванов.

Министерот Вестервеле изразил надеж дека разумот ќе надвладее и дека во Македонија ќе се врати нормалниот политички и парламентарен живот.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on