Вештачката интелигенција – потенцијален (не)пријател на новинарството и иднината на медиумите

Од:

Светскиот конгрес и фестивал за иновации во медиумите во организација на Интернационалниот прес институт во Виена, денеска и утре е домаќин на преку 300 водечки новинари, уредници и издавачи од целиот свет. Целта е за да го истражат брзо развивачкиот глобален и технолошки пејзаж за независно новинарство. На темата „Нови граници: слобода на печатот и медиумски иновации во ерата на вештачката интелигенција“, Интернационалниот прес институт е фокусиран на обезбедување на иднината на медиумите, во услови на големиот наплив на лажни вести, дезинформации и појавата на вештачката интелигенција.

Според извршниот директор на Интернационалниот прес институт, Фране Мароевиќ, новинарството не треба да стравува, туку да ја прифати вештачката интелифенција. Но, сепак, напоменува дека мора да има знак на сигурност во однос на ползата на новинарите од неа, подеднакво исто како и во делот на заштитата на човековите права.

„Денешниот настан го пренесува какво е искуството на новинарите ширум светот од користењето на технологијата, како да се користи за зголемување на публиката, да го поттикне нивното истражување, но, и како новинарите можат да ја користат во секојдневната работа, бидејќи оние кои веќе ја користат за ширење дезинформации и пропаганда се веќе понапред од нив. Новинарите ќе мора да ја променат нивната улога во професијата, наместо да бидат само репортери и да пренесуваат што се случува, ќе мора да бидат и факт – чекери, да обезбедат и анализи што се случува. Улогата на новинарите едноставно се менува. Новинарите ќе мора да покажат како доаѓаат до заклучоците кои ги носат, што ги прави поразлични од оние кои шират дезинформации и пропаганда“, вели Мароевиќ.

На прашањето како да се обезбеди новинарскиот квалитет наспроти вештачката интелигенција, Мароевиќ вели дека новинарите се придржуваат во етичките правила и кодекси. Името и брендот едноставно веќе не се доволни. Мароевиќ наведува и позитивен пример каде новинарите успешно „соработувале“ со вештачката интелигенција.

„Вештачката интелигенција може да им помогне на новинарите во анализирање на огромни зборки на податоци, нешто што не можеме да го правиме сами. Ние слушнавме дека „Зидојче цајтунг“ кој ја анализираше „Панама Пејперс“. Количината на податоците што ги добиле не беше во можност да се направи од човек“, вели тој.

На настанот свој личен поглед, но, и за начинот на кој Европа размислува за регулација на вештачката интелигенција од аспект на човековите права даде и Дуња Мијатовиќ, комесарка за човекови права во Советот на Европа.

„Во Европа веќе размислува и дебатира за формирање на ново тело бидејќи опасноста е веќе тука. Се надевам дека предлозите ќе бидат земени во предвид. Во 2018 година, Естонија беше една од првите земји во кои се дискутираше на оваа тема. Овде сме да зборуваме за потребата од регулација, ни треба механизам за заштита поради недостиг на едукација и информации. Секогаш ќе бидам на страната за воспоставување на насоки и стандарди. Порано зборувавме за медиумска писменост, а сега веќе говориме за писменост за вештачка интелигенција. Последно нешто што сакам да го видам е да бидат загрозени новинарите и нивната слобода на изразување и тоа мора да го заштитиме“, потенцира Мијатовиќ.

На Светскиот конгрес овие два дена ќе се разгледуваат новите предизвици за слободата и независното новинарство, вклучително и специјален третман за влијанието на вештачката интелигенција и другите нови технологии, а сето тоа во глобален контекст на зголемен авторитаризам и продорни дезинформации.

(Овој текст е изработен во рамките на Светскиот конгрес на Меѓународниот прес институт, на кој група новинари учествуваа преку проектот на Институтот за комуникациски студии ,,Користи факти”, кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје.)

Би можело да ве интересира

Објавена меѓународната рамка за регулирање на вештачката интелигенција

Маск: Вештачката интелигенција може да ги остави сите без работа

Предраг Петровиќ

“AI Tech Summit”: Прв меѓународен високо-технолошки самит за вештачка интелигенција во Скопје

ЦИА подготвува нов проект – воведување на сопствен модел на вештачка интелигенција

ВИДЕО: Претставени девет човеколики роботи: Нема да правиме востание против луѓето

Катерина Ѓуровски

“AI Tech Summit”- Прв меѓународен високо-технолошки самит за вештачка интелигенција во Скопје