Весели: Косово го осудува секој обид за напад врз Македонија

Од:

Билатералните односи со Република Македонија се позитивни, но има потреба за нивно интензивирање, затоа што за нас Македонија е значаен партнер, оцени претседателот на Собранието на Република Косово, Кадри Весели.

Тој нагласува дека Косово ја призна Република Македонија како независна и суверена држава, двете земји имаат добри институционални односи, кои, подвлекува, се обидуваме да ги продлабочиме не само во сферата на политичкото комуницирање, туку и во економската и трговската област.

– Македонија за нас е значаен партнер. Ние треба да имаме голема меѓусебна доверба, особено во сферата на заедничкото интегрирање на пазарот, производите, но со една еднаква ситуација меѓу двете страни, бидејќи само увезуваме, а нашите производи имаат проблем да се пласираат во Македонија. Треба да сме поотворени, бидејќи тоа ја зголемува можноста за конкуренција и ги намалува цените, појаснува претседателот на косовското Собрание, Весели во интервју за ТВ Арт.

Одговарајќи на новинарско прашање за вооружениот инцидент што се случи во Куманово, Весели ги отфрла сите можни наводи за вмешаноста на Косово и побара целосно расчистување на инцидентот.
– За нас Република Македонија е независна и суверена држава со која сакаме да имаме интензивни односи, не само политички, туку и економски, културни, во секоја област. Прашањето кое вие го спомнувате беше тешко и за нас овде. И ние ги следиме неоснованите обвинувања за новодно имплицирање на Косово во ситуацијата во Република Македонија, додава Весели во врска со вооружениот инцидент во Куманово и започнатиот судски процес против 29 лица осомничени за тероризам.
Тој смета дека во врска со инцидентот во Куманово потребна е меѓународна истрага, посебно, потенцира, за да се види дали постои вмешаност на Република Косово во случајот или, како што рече, постои тенденција за манипулирање.

– Ние ги почитуваме македонските органи, кои ја вршат нивната работа. Го осудуваме секој акт или обид за напад врз Република Македонија, но тоа што го бараме е да се зголеми довербата на сите граѓани во државата, која е фактор на стабилност во регионот. Да се зголеми довербата и во исто време да има поголема инволвираност, посебно на албанскиот фактор во институциите на Република Македонија, што во овој момент е доста позитивно, но да не се дозволи во ситуации кои можат да се случат, какви и да се, да се создадат непостоечки политички кризи, изјави во интервјуто претседателот на косовското Собрание, кој високо ја оцени ја улогата и на албанскиот фактор во Македонија.

– Тоа е еден консолидиран фактор кој се повеќе покажува пред меѓународната заедница дека е политички созреан. Често се наоѓаат во ситуации кои не се лесни за нив. Јас ги разбирам. Повеќето од лидерите ги познавам. Тие се мои лични пријатели, било Али Ахмети, било Мендух Тачи, и да не ги споменам сите други лидери, од Струга, па до Скопје и Куманово. Тие вршат добра работа, но како и да е, ние треба сите заедно, и македонскиот политички сегмент, да поддржат заедничка интеграција за суверената држава Република Мекедонија, да биде заеднички успех, потенцира Весели.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски