Весели со апел до граѓаните масовно да излезат на референдумот

Од:

Апел до сите граѓани на Репубика Македонија в недела, на 30 септември да излезат масовно и да се изјаснат на референдумот за Договорот со Грција со цел да се отвори патот на интегрирање на земјата во ЕУ и НАТО, упати денеска во Скопје претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели.

Тој на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин Талат Џафери истакна дека Косово ја почитува волјата на граѓаните на Република Македонија и нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.

– Даваме силна поддршка на постигнатиот договор меѓу Република Македонија и Република Грција. Истовремено ние како Република Косово сакаме да му дадеме иста таква насока на дијалоот што го водиме со Србија за постигнување коммпромис и ние да почнеме како суверена и независна држава да го финализираме нашето патување кон ЕУ, истакна Весели.

Нагласи дека сега е време на една нова струја на постигнување компромиси, што ќе даде полет „нашите земји и нашите граѓани да одат напред кон подобра иднина“.

Џафери истакна дека Собранието и институциите во моментов се фокусирани на успешно спроведување на референдумот.

– Уште еднаш апелирам до сите кои сеуште се двоумат во однос на потребата од излегување на гласање. Референдумското изјаснување не е изјаснување за статусот на политичарите, не е изјаснување за статусот на политичките партии, тоа се случува на избори. 30 септември не е гласање за избори, тоа е гласање за избор дали ќе одиме во иднината или ќе останеме во статус квото, заробени во минатото, рече Џафери.

Во однос на следната фаза, додаде тој, од 1 октомври ќе може да се слушнат сите ставови за потребата за уставни измени.

Тој изрази уверување дека граѓаните на Република Македонија се определени за иднината затоа што, како што рече „со гласањето на 30. секој граѓанин ќе има можност да одлучи индивидуално за себе, за своето семејство, за сите граѓани, за државата“.

– И додека вие работите на референдумот и се што произлегува од него, ние како Република Косово ќе продолжиме да работите со Република Србија околу постигнувањето конечен договор, кој ќе ни овозможи да соработуваме како две соседни земји во ист регион, кои имаат иста цел, зачленување во ЕУ, рече спикерот на косовското Собрание.

Кога станува збор за спорот меѓу Косово и Србија, Џафери нагласи оти не е во ред да се користи терминологијата за размена на територии, која се користи во слободната форма на комуникација.

– РМ и институциите, јас како претседател на Собранието и Собранието ги поддржуваме напорите на држави за изнаоѓање прифатливо решение меѓу двете држави за конечно да се реши последниот конфликтен однос меѓу две земји во Западен Балкан, тоа да се реши со билатерална спогодба и регионот да престане да биде перцепиран како место на конфликти, нагласи Џафери.

Весели нагласи дека и Косово и Србија работат во насока на постигнување договор и напомена дека при постигнувањето на решенија многу е важно да се биде рационален и да не се игра на картата на емоции и популизам.

Двајцата претседатели на законодавните домови се договириле да продолжат со унапредување на партнерските односи меѓу двете земји во сите области, кои се од взаемен интерес.

– Особено ќе се фокусираме на областите, кои се заемен интерес, кои се поврзани со економскиот просперитет на граѓаните, нивната благосостојба, прокети во областа на инфраструктурата, енергетиката, рече Весели.

Додаде дека Република Косово до крајот на декември планира да го заврши делот од автопатот кој ги поврзува двете земји.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска