Верувале или не: Македонија избра министер на два часа и член на Судски совет на два месеци

Од:

Македонија-земја на апсурди и неславни рекорди.

Единствено во Македонија е можно некој да биде избран за министер за внатрешни работи за неколку часа, да влезе во кабинет да испие едно кафе, да се слика, и да заврши неговата министерска функција.

Уште еден апсурд, на кој А1он предупредуваше. На 29. јули се избра член на Судски совет, експресно истиот ден, даде свечена изјава пред претседателот на Собрание, а човекот на 13 август всушност требаше да замине во пензија.

Под притисок на јавноста или избраниот ја заврши задачата, но Судскиот совет сфати дека ги прекршил одредбите од Законот за Судски совет во делот на условите за пензионирање, па 26.09.2016-та донел решение дека на членот на Судскиот совет на Република Македонија Костадин Кизов, му престанува мандатот на член на Советот, поради исполнување на услови за старосна пензија.

Неразбирливо е вака високо котирани личности во судската и обвинителската фела да дозволуваат на нив, на крајот на работниот век да остане темна дамка.

Но кога се работи за Кизов ова не беше единствено газаење на законите.

И тој, како и актуелниот претседател на Советот на јавни обвинители Петре Аневски, незаконски беше реизбран за претседател на Советот. Законот е јасен и дециден. Претседателот на Советот на јавни обвинители се избира со мандат од две години, и нема право на уште еден мандат. Но кога се работи за Аневски или за Кизов, законот не мора да важи.

Кизов беше јавен обвинител во Кичево, но не му беше трансформиран мандатот во траен. Но и покрај тоа, со така недефинирана позиција и без статус на обвинител, спротивно на Закон беше избран за член, а потоа и на два пати, незаконски за претседател на Советот на обвинители.

Сега тој конечно замина во пензија, и А1он ќе следи дали можеби некој ќе се обиде од надлежната собраниска комисија повторно да го прекрши законот и на Кизов да му даде едно годишна апанажа како на избрано и именувано лице. Овој закон не важи за лица кои од функцијата заминуваат во пензија.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Како уште се толерираат вакви судии: Четиригодишно дете наместо на мајката, со пресуда го дадоа на таткото семеен насилник

Предраг Петровиќ

Филипче: Оксиморон е со партиски протести Мицкоски да се бори против наводно партизирано судство

Собранието ги разреши, но одлуката е на членовите на Судскиот совет дали ќе заминат

Доколку членовите на Судски совет не постапат соодветно, можно е да им се случи народ, порача Мицкоски

Пренџов: Членот на Судски совет, Чачарова-Илиевска освен што била правна советничка на Заев, била и донатор на СДС во повеќе наврати

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судски совет Црвенковска и Адеми, а претходно и на Дамева