Екс првиот разузнавач, Зоран Верушевски, од истражниот затвор „Скопје“ е префрлен во Јавното обвинителство на распит.
На распитот освен Верушевски и неговиот адвокат се и адвокатите и на другите осомничени во акцијата „Пуч“.
Претходно неговиот адвокат рече дека Верушевски бил уплашен за својот живот и лут поради притворањето на неговата сопруга. Порачал дека вистината ќе ја истера на виделина пред целата македонска јавност ако не му се случи она што му се случило на Никола Младенов.