Веро: Со вработената е прекинат менаџерскиот договор поради сериозно прекршување на повеќе правила и процедури

Од:

Веро маркети испратија соопштение во врска со случајот со вработената во оваа компанија.

„Веро е социјално одговорна компанија, која е присутна на македонскиот пазар веќе 20 години, и многу добро ги познава и целосно ги почитува локалните закони и правните рамки на работењето и грижата за вработените. Во ниту еден случај компанијата не би дозволила нивно повредување.

Во однос на случајот со прекинување на договорот на наша вработена, за кое се зборуваше изминативе денови, Веро маркети би сакале да ја информираат јавноста дека компанијата нема направено никакво прекршување на правната процедура. На вработената и е прекинат менаџерскиот договор, поради сериозно прекршување на повеќе правила и процедури на работењето. Со непрофесионално однесување, неетичен однос и злоупотреба на позицијата раководител кон вработените на кои она им е претпоставена прекршени се повеќе членови на договорот кој таа го има потпишано.

И покрај сериозното нарушување на компаниските пракси и политики, а имајќи ја предвид нејзината семејна ситуација ѝ беа понудени три алтернативни решенија за вработување што таа го одби.
Сакаме да ја информираме пошироката јавност, медиумите, нашите потрошувачи и нашите партнери дека во Веро маркетите, секогаш го имаме предвид интересот на повеќе од 1.000 наши вработени, како и темелно почитување на законите и регулативите во Македонија“ се вели во соопштението на Веро.

Би можело да ве интересира

Премиум брендот Black + Decker од сега достапен со купон плус акцијата во ВЕРО маркети

Горан Наумовски

Промоција на новиот готвач на Dave’s Kitchen „Брзо и забавно готвење“ во Веро Џамбо – трета книга со рецепти на Давор Панчевски

Катерина Ѓуровски

ВЕРО со поддршка на згрижувачките семејства – новогодишни подароци за секое згрижено дете

A1on

Заокружи сметка во Веро и донирај за СОС Детско село

А1он

(ВИДЕО) Лешко: Пред да ме избркаат од „Веро“ ми се закануваа

Ана Ололовска