Венизелос во ОН повторно побара решение за сите употреби, ерга омнес

Од:

Потпретседателот на грчката Влада Евангелос Венизелос во своето вчерашно oбраќање пред Обединетите нации ги повтори грчките позиции дека Македонија мора да прифати ново име, со географска одредница, кое би се употребувало во сите услови.

– Грција секогаш беше цврст поддржувач на европската иднина за балканскиот регион. Процесот на европската интеграција значи напуштање на менталитетот на поделби и одење кон ера на блиска соработка врз основа на поставени вредности и принципи. Ние сакаме да ги развиваме нашите односи со Поранешната Југословенска Република Македонија, врз основа на принципите на Повелбата на Обединетите нации и во рамките на добрососедските односи. Грција е посветена на тековниот процес на преговори во Обединетите нации за да се изнајде решение на спорот за името. Затоа ги продолжуваме нашите напори да изнајдеме заемно прифатливо име, за сите употреби, ерга омнес, кое нема да остави сиви зони и ќе дозволи јасно разграничување меѓу нашата соседна земја и регионот Македонија во северна Грција, рече Венизелос.

Грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи додаде дека ваквото решение ќе овозможи натамошно интегрирање на Македонија во евроатланските институции и ќе придонесе кон просперитетот на целиот регион.

Од друга страна, Венизелос во обраќањето го поздрави договорот меѓу Србија и Косово, за кој рече дека ќе ги води двете земји поблиску кон Европската Унија.

Најголем дел од неговото обраќање беше посветен на другиот регионален спор за кој се преговара пред Обединетите нации, за поделениот остров Кипар, во кој Грција и Кипар ги попречуваат турските преговори за членство во Унијата.

Венизелос воедно се осврна на економската криза во Грција, велејќи дека по шест години рецесија Грција ги завршила структурите реформи и тешките жртви на нејзините граѓани, и очекува подобри денови. Венизелос економската криза ја обвини за подемот на расизмот и ксенофобија во земјата.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски