А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Венизелос во недела со Бан Ки Мун ќе разговара за Македонија

by А1он20/09/2013 - 13:0920/09/2013 - 14:20109
Share0

Грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос утре ќе отпатува во САД, каде во недела во Њујорк ќе се сретне со генералниот сектретар на ОН Бан Ки Мун.

Добивај вести на вибер

Една од главните теми во разговорот, јави дописникот на МИА, ќе биде прашањето за името на Македонија, а ќе се дискутира и за Кипар и ситуацијата на Блискиот Исток.

Посетата на Венизелос на САД завршува на 27 септември по неговото обраќање на 68. Генерално собраниена на Обединетите Нации.

Грчкиот премиер Андонис Самарас исто така ќе патува во Њујорк, но на 28 септември.

Грчкиот вицепремиер на 12 септември ја информираше Парламентарна комисија за национална одбрана и надворешна политика за неговата средба со медијаторот Метју Нимиц, при што информира дека следниот состанок во врска со прашањето за името најверојатно ќе се одржи последната седмица од септември во Њујорк. Тој и тогаш повтори дека Атина е за сложено име со географска одредница што се однесува на географскиот поим на името, а не на „политичкиот термин“, и оти е само за ерга омнес решение.

По посетата на Нимиц на Атина и Скопје, грчките медиуми напишаа дека медијаторот сака да ја искористи ситуацијата кога Венизелос и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во исто време ќе бидат во Њујорк кон крајот на септември, за да одржи уште една рунда состаноци.

Во официјалното соопштение од грчкото МНР за средбите на Венизелос се вели дека тој во Њујорк ќе одржи повеќе билатералани и мултилатерални средби.

imeto

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска05/05/2023 - 15:1705/05/2023 - 15:20

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска03/11/2021 - 12:22

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска09/02/2020 - 13:0809/02/2020 - 13:36

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски30/01/2020 - 18:5731/01/2020 - 08:41

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска24/12/2019 - 12:5324/12/2019 - 14:38

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска11/12/2019 - 13:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен