Венизелос и Филе разговараа за Македонија

Од:

Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос и еврокомесарот за проширување Штефан Филе вчера во Брисел разговарале за прашања поврзани со Западен Балкан, со посебен осврт на Македонија.

Ова, како што јави дописникот на МИА од Атина, го соопшти грчкото МНР без да открие повеќе детали за средбата која се одржа на маргините на Советот за надворешни работи на Европската унија.

– Венизелос и Филе разговараа за прашања од особен интерес за Грција и поконкретно за прашања поврзани со Западен Балкан, со посебен осврт на прашањето на Македонија, Србија и Косово, како и прашања во врска со Кипар и европската перспектива на Турција, стои во соопштението.

Потпретседателот на грчката Влада и министер за надворешни работи Венизелос, вчера во Брисел се сретна и со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски со кого „разговараа за прашања од заеднички интерес во рамките на познатите позиции на двете земји“.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски