А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Венизелос: Географска одредница и „ерга омнес“

by А1он23/09/2013 - 14:1423/09/2013 - 19:33120
Share0

Националната позиција на Грција за името е јасна – име со географска одредница за севкупна употреба, изјави шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос во Њујорк, по средбата со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун.

Добивај вести на вибер

Нагласувајќи оти Бан Ки-мун добро ги знае позициите на Атина за спорот со Скопје, според Венизелос, ваквото решение ќе и помогне на Македонија да има евроатлантска перспектива што е многу важно за Грција, која, истакна, сака стабилност во регионот на Западен Балкан.

– Ние поддржуваме заеднички прифатливо сложено име со географска одредница, кое ќе биде за севкупна употреба – ерга омнес. Тоа е конечно, јасно, функционално решение. На овој начин и соседната земја ќе биде во можност да ја најде својата европска перспектива, што е многу важно и за неа и за нас, зашто сакаме целиот Западен Балкан да ја најде заедничката перспектива, нешто што е стабилизирачки фактор во нашиот регион. Ќе ја понудиме сета расположива помош. Ние сме големи инвеститори, голем сосед кој, со чувство на пријателство, може да помогне, секако само доколку постои добра волја, добрососедство и почитување на меѓународното право, изјави Венизелос.

Во соопштението од канцеларијата на генералниот секретар стои дека соговорниците размениле мислење за перспективите за решавање на спорот за името, вклучително и исходите од неодамнешната посета на посредникот Метју Нимиц.

За денеска во Њујорк е најавена средба на еврокомесарт за прширување Штефан Филе со медијаторот на ОН во разговорите за името Метју Нимиц.

Се уште не се знае дали во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН ќе има средба меѓу македонски и грчки државни претставници.

imeto

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска05/05/2023 - 15:1705/05/2023 - 15:20

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска03/11/2021 - 12:22

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска09/02/2020 - 13:0809/02/2020 - 13:36

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски30/01/2020 - 18:5731/01/2020 - 08:41

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска24/12/2019 - 12:5324/12/2019 - 14:38

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска11/12/2019 - 13:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен