(ВИДЕО) Вељаноски за 27 април: Ни на крај памет не ми паднало дека може до таков настан да дојде

Од:

На 27 април, пратив порака до тогашниот премиер Никола Груевски, но не знам што посебно сум кажал во таа порака што веќе Заев не го кажа на пресот и нешто што не го знаеше јавноста, изјави претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски читајќи ги точките од обвинението.

Тој рече дека од обвинителство го товари за 4 дејствија кои ги преземал на 27 април.

„Мојот телефон бееше вештачен во ноември, а во јануари дадов исказ и ми го вратија телефонот. По година дена покренуваат обвиненеие против мене, а за 33 лица покренаа три месеци откако ми го земаа телефонот. Од кои причини дури сега покренуваат обвинение како терорист да сум. Пред да одлучите за имунитетот да имате претстава зошто се бара. Јас бев 10 години претседател на Собранието, ни на крај памет не ми било да правам дејствија спотивни на законот, посебно за колеги пратеници“, рече Вељаноски.

Тој додаде сакал да си замине и порано, но на подобар, а не на ваков начин.

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на седница го разгледува барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски. Според Деловникот, кога претседателот на Собранието ќе го достави барањето до Комисијата, таа треба да одржи седница на која ќе го разгледа барањето и да го достави извештајот до собранискиот спикер. По добиениот извештај од Комисијата, Собранието, најдоцна во рок од три дена, треба да одлучува на пленарна седница. Одлуката за одземање на имунитетот се носи со мнозинство од вкупниот број пратеници. Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, заедно со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, вчера попладне беше приведен на распит по наредба на Јавното обвинителство под сомнение за вмешаност во настаните од 27 април 2017 година.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска

СДСМ: „27 април“ е најцрниот датум во историјата на македонската демократија