Вељаноски на распит во Обвинителството за организиран криминал

Од:

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, утрово се појави на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Вељаноски не влезе низ официјалниот влез на Обвинителството туку низ еден од споредните влезови во зградата

Тој е еден од петтемина осомничени организатори и осмислувачи на упадот на Собранието на 27 април 2017 година.

За него во февруари Обвинителството побара, но судот не определи притвор, бидејќи Собранието не му го одзеде пратеничкиот имунитет.

Вештачењето на телефонот на Вељаноски, што беше дел од судењето за крвавиот четврток покажа дека до или од неговиот телефон се испратени 4 пораки до Никола Груевски, пред и на денот на „крававиот“ четврток.

Во моментите кога е избран Талат Џафери за претседател Вељаноски побарал од Илија Димовски пратеници да му го чуваат кабинетот.

На Никола Тодоров пак му испратил порака да се собере народ. По настаните Вељаноски интензивно комуницирал со пратеникот Крсто Мукоски и со шефот на обезбедувањето, Горан Ѓошевски Леви, и двајцата неправосилно осудени.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама