Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски ќе ја кажат својата верзија за „27 април“

Од:

Четворицата обвинети во случајот „Организатори на 27 април“ на утрешното рочиште за првпат ќе треба да дадат исказ пред судот за крвавите инциденти во Собранието од пред четири години. Поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и бившиот директор на УБК, Владимир Атанасовски, ќе треба да ја кажат својата верзија за настаните. Случајот го застапува обвинителката Вилма Русковска која може да им поставува прашања, исто како и судот и одбраната. По ова, следуваат завршните зборови на Обвинителството, обвинетите и одбраната, по што ќе биде изречена пресуда.

Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски се гонат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Во истрагата за случајот беа опфатени и експремиерот и азилант Никола Груевски и избеганиот ексразузнавач Никола Бошковски. Но, постапката против нив беше запрена и Обвинителството објасни дека ќе продолжи кога тие ќе бидат вратени во Македонија. Случајот се суди година и десет месеци. Досега се ислушани бројни политичари како сведоци, меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на СДСМ Зоран Заев.

Според обвинението, обвинетите го подготвиле и реализирале планот за 27 април 2017 година со цел да спречат мирно примопредавање на власта по парламентарните избори во декември 2016 година. Па така, организирале и материјално ги поддржале протестите пред ДИК, а потоа и протестите на „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со насилно влегување во Собранието.

Ова е втор предмет поврзан со крвавите инциденти во Собранието од пред четири години. Првиот предмет заврши со пресуда, а во него беа опфатени 33 лица, но 15 од нив добија амнестија со закон кој го изгласаа пратениците во 2018 година. За останатите, беше изречена пресуда со 211 години затвор. Единствен ослободен беше Игор Дурловски, а највисока казна доби ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков.

Би можело да ве интересира

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска

СДСМ: „27 април“ е најцрниот датум во историјата на македонската демократија