(ВИДЕО) Петков: Дијалогот со опозицијата е важен за решавање на проблемите

Од:

Република Македонија има наша поддршка за спроведување на итните реформски приоритети во согласност со меѓународните договори, рече бугарскиот амбасадор во Македонија, Иван Петков при денешната посета на Собранието по што истакна дека исклучително важен е и парламентарниот дијалог со опозицијата за решавање на отворените прашања.

– Задоволен сум што денеска се очекува ратификација на договорот за добрососедство, рече Петков кој денеска пред пратениците ја презентираше програмата и приоритетите за работа на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ.

Тој исто така додаде дека Бугарија ја поддржува владата на Република Македонија и сите институции, граѓанското општество и опозицијата да ја постигнат својата цел – добивање покана за членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Шест македонски волови направија прекуграничен проблем, влегле на бугарска територија

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица