Величковски: Случајот во ТВ 21 покажува дека без одвојување на партијата од државата, нема одвојување на насилството од изборите

Од:

Упадот на обезбедувањето на Груевски во ТВ21 покажува какви „брзи“ избори не очекуваат. За оваа сегашната немам намера да трошам Ваше време, но очигледно е дека и „техничката“ Влада учество на министрите на СДСМ не промениле ништо во функционирањето на институциите. Затоа, без одвојување на партијата од државата, нема одвојување на насилството од изборите, рече претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, на неформалната средба што ја оствари со локалното раководство на Либералната партија во Свети Николе.

– Обидот за брзи избори само навидум изгледа прагматичен. Пазарењето со избирачкиот список меѓу три-четири партиски тимови и претседатели ја дискредитира Државната изборна комисија и таа денес е само статист, без оглед на дизајнот на нејзиното организирање согласно Пржино. Пар уредувачки позиции во МРТ или шминка на медиумската регулатива со прашален квалитет не се медиумски реформи, туку нивно одлагање. „Техничка влада“ со ефективна функционалност од максимум два месеци (изземајќи ги одморашките јули и август) е „подарок“ за ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, односно ДУИ и Ахмети, смета Величковски.

Би можело да ве интересира

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите го осудува нападот врз новинарската екипа на ТВ21

МАН: Осуда за нападот врз екипата на ТВ21, без одлагање да се санкционираат насилниците

Миликије Халими го осуди нападот врз екипата на ТВ 21 и побара расветлување на случајот

Татјана Ташкова

ЗНМ: Осуда на заканите врз екипата на ТВ21

ССНМ остро го осудува нападот врз екипата на ТВ 21

Татјана Ташкова

ЛП: Скандалозна одлука на Уставниот суд, со мораториумот се докажа дека се можни промени и на општинско ниво

Ана Ололовска