Упадот на обезбедувањето на Груевски во ТВ21 покажува какви „брзи“ избори не очекуваат. За оваа сегашната немам намера да трошам Ваше време, но очигледно е дека и „техничката“ Влада учество на министрите на СДСМ не промениле ништо во функционирањето на институциите. Затоа, без одвојување на партијата од државата, нема одвојување на насилството од изборите, рече претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, на неформалната средба што ја оствари со локалното раководство на Либералната партија во Свети Николе.
– Обидот за брзи избори само навидум изгледа прагматичен. Пазарењето со избирачкиот список меѓу три-четири партиски тимови и претседатели ја дискредитира Државната изборна комисија и таа денес е само статист, без оглед на дизајнот на нејзиното организирање согласно Пржино. Пар уредувачки позиции во МРТ или шминка на медиумската регулатива со прашален квалитет не се медиумски реформи, туку нивно одлагање. „Техничка влада“ со ефективна функционалност од максимум два месеци (изземајќи ги одморашките јули и август) е „подарок“ за ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, односно ДУИ и Ахмети, смета Величковски.