Величковски: Драго ми е што предлогот на ЛП од 3 октомври е прифатлив за Левица

Од:

„Денес од медиумите разбравме дека предлогот на Либералната партија – оти услов за соработка со други опозициски партии е јавен договор дека по изборите нема коалиција со Груевски е поддржан од партијата Левица. Го поздравувам ваквиот став.

На Левица ова им го предложивме одговарајќи им за нивната иницијатива за граѓански листи на 6 октомври.
Добро е што барем дел од опозициските партии сфатија какво е значењето на оваа јавна декларација, а се надевам дека истото ќе го прифатат и социјал-демократите.

Уште побитно е што со ваква јавна декларација ќе ги пресретнеме сите обиди за изборен инженеринг во десницата.

На овие избори ни треба јасен изборен резултат и пораз на власта, а не избори како повод за широки коалиции и продолжување на кризата“, изјави претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира