Велешката болница го зголемува капацитетот на легла поради Ковид-19

Од:

На Инфективното одделение во Опшата болница во Велес поради зголемениот прилив на болни со Ковид-19,е зголемен капацитет за 11 легла, од постоечките 35 на 46 болнички легла. До крајот на неделава ќе се додадат уште осум легла преку оспособување на некои простории на ова одделение, информира за МИА, д-р Весна Неделковска Николава. Добра вест, вели таа, е што денеска од ова одделение се испишани девет излекувани пациенти.од Велес и од неколку градови од Повардарието кои се лекуваат во Велешката болница.

Вчера на ова одделение со 35 легла целосно беше пополнет бројот на кревети, поради што раководниот тим на ЈЗУ Општа болница Велес донесе одлука за дополнување на бројот на кревети.

Со денешното пуштање дома на девет излекувани пациенти моментално на одделението се лекуваат 26 пациенти од кои 24 позитивни на Ковид-19 и двајца сомнителни. Девет пациенти се на кислородна поддршка.

Како што информира д-р Неделковска Николова, еден 41 – годишен пациент поради влошена состојба бил префрлен на Клиниката за Инфективни болести во Скопје.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов

Велешанец пронајден мртов кај дуќаните на Нов мост во Велес