Велешката општа болница има доволно места за пациентитe со Ковид-19

Од:

Од велешката ЈЗУ Општа болница потврдуваат дека во моментов во болницата има доволно сместувачки кревети за прием на сите пациенти со Ковид-19 на кои им е потребно болничко лекување. Како што информира портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, освен на Инфективно одделение кое е засебна зграда, од изминатиот викенд пациенти се примаат и на Одделението за физикална медицина, а таму од 24 кревети пополнети се 11.

– Примаме пациенти на кои им е неопходно болничко лекување, освен Инфективното одделение со 54 кревети, каде сега има 51 пациент позитивен на ковид. Дополнително изминатиот викенд како Ковид центар го преадаптиравме и Одделението за физикална медицина. Исто како и Инфективно, е засебна зграда од болницата каде што може да се сместат уште 24 пациенти, а таму моментално се сместени 11. Сега засега имаме доволно сместувачки капацитет за прием на болни со Ковид, во велешката Општа болница информира д-р Неделковска Николова.

Таа воедно информира дека дел од пациентите кои веќе го завршиле лекувањето, а истовремено имаат потреба од болничко лекување ги превземаат и на Интерно одделение во Б кракот кој има 15 легла.

Таму една недела претходно беше сместувачко одделение на поголем дел од пациентите сомнителни на Ковид и мал број на заболени.

Таа појаснува дека поради немање на кревети на државната Инфективна клиника во Скопје дел од потешките пациенти, а кои сами ќе се снајдат се префрлаат на понатамошно лекување во Приватни клиники во Скопје, а дел остануваат и понатаму на лекување во велешката Општа болница.

Во велешката Општа болница на дветте одделенија Инфективно и Одделение за физикална медицина моментално има 63 пациенти од кои 9 се сомнителни и 54 потврдени. Од нив 20 се на кислородна поддршка.

Според вчерашниот извештај од Министерството за здравство во Велес и велешко активни на Ковид до вчера биле 672 пациенти, а од кои најголем дел се на домашно лекување.

Би можело да ве интересира

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов

Велешанец пронајден мртов кај дуќаните на Нов мост во Велес

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска