Веќе нема место во Инфективната и модуларната болница

Од:

Целата зграда за Интерни клиники ќе биде наменета за пациенти со Ковид, откако Инфективната и модуларната болница целосно се исполнија, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој вели дека е активиран планот за обезбедување на дополнителни капацитети.

„Нема да се поремети нормалнот функционирање на сите овие клиники, системот Мој термин продолжува да функционира“, вели министерот Филипче.

Во моментов, Центарот за белодробни болести се уште има слободни капацитети.

Министерот Филипче соопшти дека во моментов 890 заразени од Ковид-19 се во болничките кревети.

„Во последните неколку недели имаме буквално експлозија на вирусот, како кај нас така и во регионот и цела Европа. Секаде е загрижувачка ситуацијата, се исполнуваат капацитетите, а кадарот е се поизморен. Состојбата кај нас не се разликува од овие регионални и светски трендови“, рече Филипче.

За еден месец бројката на новозаразени е зголемена двојно. Околу 7 проценти од новозаразените имаат потреба од хоспитализација.

Филипче најави дека од утре ќе бидат на располагање дополнителни 150 болнички кревети.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

Уште една жртва од западно нилска треска во Македонија

А1он

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он