Веќе нема да требаат сертификати за странски јазик за директори, ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка на нивните неспособни членови, обвинува Левица

Од:

Наместо фалсификуваниот ТОЕФЛ сертификат на директорот на АНБ, Бојан Христовски, да биде повод за институционално расчистување со неписменоста и фалсификатите во државната управа, Владата избра да го легализира проблемот, велат од Левица.

– На 38-та седница, Владата донела срамен заклучок со кој ги задолжува министерствата да подготват измени на законите со цел задолжителноста на меѓународно признат јазичен сертификат за директорите да биде заменет со „обична потврда“ за познавање на англиски, француски или германски јазик – уверенија кои се без никаква реална проверлива вредност. Со овој чекор, Владата отворено признава дека нејзиниот главен проблем не е недостигот на кадри, туку недостигот на писмени кадри – а решението што го нуди е класичен обид за легализација на неписменоста, по мерка на партиската и корумпирана елита.

Оттука, власта наместо суштински и реформски измени во полза на народот – во собраниска процедура постојано турка закони по нивна мерка, во полза на нивните некадарни сопартијци, а не на народот. Сега, наместо измени на Законот за животната средина во насока на заострување на мерките против загадувачите – владата предлага измени со една и единствена цел: директорот на Управата за животна средина да не мора да поседува меѓународно признат јазичен сертификат. И ова не е прв ваков Предлог-закон, по овој шаблон се кројат и други закони, како што беше и Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кој исто така се намалија стандардите за директор.

Левица најостро го осудува овој срамен обид за задоволување на клиентелистичките интереси на владејачката гарнитура, при што се разградуваат стандардите за стручност, отчетност и транспарентност при именување на раководни позиции. Особено симптоматично е што оваа пракса претставува директно продолжување на механизмот што со години го практикуваше поранешната власт предводена од ДУИ. Иако денес ДУИ не е дел од власта, ВМРО-ДПМНЕ очигледно ги презема истите методи за партиско вработување – сега институционализирани преку промени на законски норми. Наместо санкции за фалсификати, добиваме политичко прилагодување, со кое фалсификатот не се казнува, туку се унапредува во ново правило.

Левица потсетува дека неписменоста во институциите е симптом на длабок системски проблем: клиентелизам, непотизмот и партизацијата во сржта на државниот апарат. Овој чекор е уште една епизода во долгата серија на обесмислување на државата и нејзините институции – преку укинување на мерит системот и воспоставување режим на партиска послушност наместо професионализам, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица е за укинување на пржинската влада, но инсистира на една изборна единица и се фер рекламирање

Левица: Љутков со „упатство“ поништува судски пресуди за плати во културата

Горан Наумовски

Левица: Комисии за боледување наместо лекување – административна тортура врз повредените во „Пулс“

Левица: Поддршка до народот на Венецуела и нејзиниот демократски избран претседател Николас Мадуро

Предраг Петровиќ

Левица: Минималната плата под прагот на сиромаштија, секое трето дете живее во беда

(ВИДЕО) Апасиев: Не може лекар да одговара за лекарска грешка, а судија да не одговара за непримена на право

Горан Наумовски