12 тешки и болни години за семејствата и блиските на Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Миле Јаневски , Игор Котески, Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски
Во конфликтната 2001 година, на 28 април, на патот меѓу селата Селце и Вејце во Тетово, 16 припадници на безбедносните сили на Македонија при патролирање наишле на заседа, при што загинле осум, а шест војници припадници на безбедносните сили на Македонија биле повредени.
Според извршената обдукција, било утврдено дека телата на убиените полицајци и војници по смртта биле дополнително масакрирани.
„Овде се пролеа крвта на нашите синови за слободна и независна Македонија. Некој сака ова да се заборави“, велат родителите на бранителите.
Вејце е болка, но и опомена и за сегашните и за идните политичари и генерации.