Оддадена почит на загинатите припадници на Армијата во Вејце

Од:

На спомен обележјето пред Баталјонот за специјални намени во касарната „Илинден“ во Скопје денеска беше оддадена почит кон загинатите припадници на Армијата кои своите животи ги загубија на денешен ден во 2001 година во реонот на село Вејце.

Во чест на загинатите припадници на Армијата – постар водник Роберт Петковски, водник Миле Јаневски, водник Бобан Трајковски, водник Игор Костески, венци со свежо цвеќе положија началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски и државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ.

Како што соопшти Министерството за одбрана, во знак на почит кон своите поранешни колеги почит оддадоа и од останатите единици на Армијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он