Веб страницата на Бигорскиот манастир достапена и на англиски јазик

Од:

Веб страницата на манастирот „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир, сега е достапна и на англиски јазик.

– Во чест на сечесниот спомен на Рождеството на нашиот патрон и небесен застапник, светиот и славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован објавена е верзија на манастирскиот сајт на англиски јазик. Сите содржини што се однесуваат на манастирот се преведени. На овој начин тие стануваат подостапни, велат од Бигорскиот манастир.

Една година по објавувањето на новиот сајт на манастирот, во април годинава објавена беше верзијата на грчки јазик.

– Новиот сајт беше објавен во чест на Празникот над празниците, Христовото воскресение-Велигден, во 2016-то господово лето, а ете со божја промисла исто така во чест на Христовото воскресение во април годинава ја објавивме верзијата на манастрскиот сајт на грчки јазик. Сега во чест на Рождеството на нашиот патрон и на аглиски јазик, нагласуваат од Бигорскиот манастир.

Инаку, во присуство на голем број верници и гости од сите краишта на нашата земја беше одбележа втората манастриска слава – Денот на раѓањето на Свети Јован Крстител.

Спроти денот отслужено беше сеноќно бдение, со кое чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Брегалнички г. Иларион, а обраќање имаше игуменот на Бигорската Света Обител, Архимандрит Партениј.

На бдението за првпат гостуваше хорот при храмот „Св. Пантелејмон“ – Ахарна, Атина, Република Грција, под раководство на протопсалтот Илија Редијадис Тумбас, претседател на сојузот на протопсалти на Атина.

Со Светата архиерејска празнична литургија пак чиноначалствуваше Митрополитот дебарско – кичевски г. Тимотеј, во сослужение со Митрополитот брегалнички г.Иларион и Епископот хераклејски – г. Климент.

Би можело да ве интересира

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата

Претставници од Бигорскиот манастир иконата на Св. Георгиј Победоносец ја однесоа во светогорскиот манастир Ксенофонт

Предраг Петровиќ

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

Орце Костов

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

Орце Костов

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов