На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 285.957 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.712 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.478 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 494.909 дози вакцини, а ревакцинирани се 208.592 граѓани.
Со последните бројки 51 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 45 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 38 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 459.213.