А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Василевски пред 27 април: Подобро е во Собрание да одиме без кравати, да не ни пречат

by А1он14/12/2018 - 14:3314/12/2018 - 15:16318
Share0

На денешното рочиште за крвавиот четврток беа презентирани докази од дополнителната листа на обвинителството. Помеѓу доказите беше и вибер-комуникација помеѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Собранието.

Добивај вести на вибер

Комуникацијата што ја презентираше обвинителството почнува неколку дена пред 27 април и од истата може да се забележи дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ секој ден очекувале избор на нов претседател на Собранието, по што и се подготвувале како да дејствуваат.

Во комуникацијата од 12 април 2017 обвинетиот Сашо Василевски им предлага на своите колеги во Собранието да одат без вратоврска бидејќи може да им пречат.

„За колегите можеби ќе е подобро да ојме во Собрание без кравати, да не ни сметет. Нешто спремаат, да бидеме на готовс. Сметам дека утре мора да се случи многу народ, од 10 часот, па сè до крај на собраниската седница. Да бидеме подготвени, комуњариве дефинитивно спремаат насилно преземање на Собрание”, напишал Василевски во вибер-групата.

Од одземените и вештачени телефони на пратениците Љубен Арнаудов и Јохан Трчуловски беше презентирана и вибер-комуникацијата помеѓу пратениците на 27 април, каде пратеникот Антонијо Милошоски претпоставува дека СДСМ сакал да избере претседател на Собранието во некоја друга сала со цел кога ќе дојде американскиот претставник Хојт Брајан Ји да биде избран новиот претседател на Собранието.

„Според некоја логика, СДСМ сака денес или утре да избере претседател на Собранието во некоја друга сала со цел да има состојба на свршен чин пред посетата на Хојт Ји, кој би го признал новиот претседател. Ова е планирано да се случи во работно време од денот за да нема народ на улица”, пишува Милошоски.

По пораката од Милошоски, пратеникот Димитар Стевананџија вели „Овај Павле како да се токми за на говорница. Вадеше саатот”. Во исто време пратеникот од Социјалистичката партија на Македонија, Љупчо Димовски, предложува во тој момент непосредно пред избирањето на новиот претседател на Собранието полека да се исклучуваат светлата во салата.

Во разговорите од вибер-групата на 27 април, нешто по 21 часот, Сашо Василевски го споменува и претседателот Иванов за потоа непознато лице околу 22 часот во групата да напише „Имаме ли некакви насоки?“, на што пратеникот Зоран Илиески одговара „Засега немаме, чекаме“.

Од вештачениот телефон на обвинетиот Јохан Трчуловски, обвинителството исто така презентраше вибер-комуникација насловена како „Љубанци“, каде жителите на селото секојдневно се координирале за учество на протестите и за поставеноста на која позиција да стојат на 27 април.

Виктор Јованов

27 aprilsobranievasilevski

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:20

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Катерина Ѓуровски13/02/2026 - 16:40

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски11/02/2026 - 18:3511/02/2026 - 19:01

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Горан Наумовски23/01/2026 - 14:01

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Горан Наумовски20/01/2026 - 12:26

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 08:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен