Василевска: Три дена молк од СДСМ и останатите партии за декларацијата за Делчев

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ достави до Собранието Декларација по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Сметаме дека оваа декларација треба да го отслика единството и обединувањето на политичките партии во македонското Собрание но исто така и единството на целокупното македонско општество околу неспорниот македонски деец и водач во ослободувањето на Македонија и идејата за самостојна држава, Република Македонија вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска.

Само со единство, достојно почитување, прославување и одбележување на дострелите на нашите предци во минатото, оценува Василевска, постои можност дополнително да се зајакнат демократските темели на државата и на општеството.

„Сакаме да потенцираме дека иако на денот на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев ја најавивме оваа Декларација и истата е веќе поднесена до Собранието, три дена имаме молк од СДСМ и останатите политички партии во Македонија. Ја користам оваа прилика да ги повикам СДСМ и останатите политички партии во македонското Собрание да се изјаснат со официјален став по повод оваа значајна Декларација и да покажат дека ликот и делото на Гоце Делчев како учител, народен трибун и револуционер за соработка, за толеранција и за соживот и тоа како заслужува да се донесе одна ваква декларација токму во законодавниот дом со што сите заедно ќе ја покажеме нашата почит кон оваа централна личност од македонската историја“, додаде таа.

Повика на заедничко обединивање и да се донесе Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и да се покаже како што рече дека за вакви битни ликови од нашата историја знаеме да бидеме единствени и обединети.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски