Василевска: Реформите во образованието се домашни и странски нарачки за чистење на националните белези

Од:

Образованието во Република Македонија е главната алатка за обезличувањето на асномските темели на македонската национална државност. Таканаречената реформа на Мила Царовска е хибрид на домашни и странски нарачки кои имаат само една цел, да ги обезличат и да ги исчистат суштинските национални белези кои ќе создадат генерации на неписмени граѓани рече на прес конференција во Собранието пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска.

„Законот за учебниците по историја, законот за наставен надар во основните и во средните училишта, Законот за бирото за развој на образованието се дел од скандалозната реформа со кои власта се обидува да спроведе деноминација и обезличување на младите во Република Македонија. Апелираме до целокупната јавност дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ е заедно со заложбите на граѓаните против оваа скандалозна реформа и истата ја оценуваме како штетна за идните генерации и за иднината на Република Македонија“ – рече Василевска.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?