Василев: Доколку Јакимовски ја загуби работата, Македонија ќе изгуби професионалец

Од:

Обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска, од Апелациониот суд побара да биде одреден притвор за Тони Јакимовски, поранешен шеф на Кабинетот на директорот на УБК, од причина што обвинетиот има работен ангажман во Романија во меѓународниот центар СЕЛЕК како и дека поседува дипломатски пасош кој може да го искористи.

Ристоска истакна дека обвинетиот Јакимовски додека бил шеф на кабинетот на Сашо Мијалков истовремено бил и началник на координација па можел да влијае врз сведоците кои му биле под негова хиерархија.

Јакимовски е обвинет во случаите „Таргет и „Тврдина“.

Петар Василев, еден од адвокатите на Јакимовски изјави дека наодите од жалбата на СЈО се неосновани.

-Јакимовски работи во Центар каде се поврзани 12 полиции и 12 царини, ако судот му определи притвор,ќе ја загуби работата, а Македонија ќе изгуби професионалец, рече Василев.

За овој случај ќе одлучуваат истите судии како и за претходните предмети, Љиљана Ивановска Шопова, Сафет Кадрии и Цветанка Периќ

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Покажавме дека можеме да направиме мирни и достоинствени избори

Јакомовски: Мора да се ослободат 83 илјади семејства од енормно високите сметки

Јакимовски: Не планирам да не се пласирам во вториот круг, а во вториот круг обично јас победувам

Јакимовски: Децидно сум против бирање на претседател во Собрание

Јакимовски: Да изградиме регионална НАТО-болница по сите стандарди, да го запреме иселувањето на медицинскиот персонал

(ВИДЕО) Јакимовски: Конкретни мерки за подобрување на животот на пензионерите