А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Варвициотис: Грција го поддржува Договорот од Преспа и ЕУ-интеграцијата на Скопје и Тирана

by А1он26/10/2019 - 14:5026/10/2019 - 14:51194
Share0

Последните случувања создаваат нови политичка ситуација и го потврдуваат она што предизборно го кажувавме за Договорот од Преспа, но она што не се менува е нашата поддршка за европската перспектива на соседната земја, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис, во интервјуто за весникот „Параполитика“ во однос развојот на настаните кај нас.

Добивај вести на вибер

Варвициотис уште еднаш повторува дека нивната поддршка оди заедно со предусловите како што се „владеењето на правото, усогласеност со воведените уставни измени, напуштање на сите елементи на иредентизам и градење на добрососедски односи“.

-Овие предуслови, како и строгото придржување кон Договорот од Преспа, вклучително и трговски аспекти, се неразделно поврзани со напредокот на пристапот на земјата кон Европската унија, а ќе го одредат темпото и на нејзиниот иден пристапен процес. Во овој дух, Грција го поддржува договорот, бидејќи тоа е меѓународен договор што ги обврзува двете држави, но постојано и на соседната земја и во било која друга насока, укажуваме на доцнења или пропусти што се утврдуваат од нејзина страна во спроведувањето. Сигурно, дијалогот во пресрет на изборите во април ќе биде поларизиран и ги очекуваме внатрешни случувања во соседната земја, вели Варвициотис

Во однос на европската перспектива на Северна Македонија и Албанија, алтернативниот шеф на грчката дипломатија потенцира дека двете земји ја имаат поддршката од Грција, но нивното членство треба да биде во пакет.

– Сакаме на нашата северна граница да граничиме со земји од ЕУ. Сакаме Грција да има водечка улога во влезот на балканските земји во големото европско семејство. Сакаме нашиот регион да биде столб на стабилност и раст. И тоа ќе се постигне со истовремен почеток на пристапните преговори на двете земји на нашата северна граница. Одвојувањето на кандидатурите на двете земји може да доведе до зголемување на националистичкиот елемент во регионот и до можна тензија. Затоа, го поддржуваме нивниот истовремен европски тек, секогаш под услов тие да ги исполнуваат критериумите за да се отворат поглавјата. Покрај тоа, за шест месеци прашањето одново ќе биде разгледано на Самитот во Загреб, вели Варвициотис.

eugrcija

Би можело да ве интересира

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

Горан Наумовски20/03/2026 - 12:35

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 09:1317/03/2026 - 13:06

Земјотрес во Грција

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 09:27

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Горан Наумовски11/03/2026 - 12:28

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен