Денеска е важен момент за сите и влегуваме во нови односи. Не сакаме да губиме веќе ни еден момент и веднаш почнуваме со Акито, порача еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на воведниот состанок во Брисел со кој беше означен почетокот на скрининг процесот со Албанија и Северна Македонија.
– Скрининг процесот што го почнуваме денеска е првиот чекор што го правиме. Процесот што го почнуваме денеска се темели на добрата работа што ја завршивме досега. За ова се подготвувате со години и можам да кажам дека ќе бидеме со вас и дека ќе ја понудиме секоја помош што ќе ви треба, рече Вархеји.