Вардарци ќе слетаат на скопскиот аеродром во 20 и 30 часот

Од:

Наместо во 18 и 50 часот, ракометарите на Вардар ќе слетаат на скопскиот аеродром во 20 и 30 часот, информира градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

„Заради административни причини (пасоши, документи и сл) авионот од Келн ќе полета во 18 часот. Слетувањето во Скопје е најавено во 20.30 часот. Останатото останува исто. Се гледаме на централниот градски плоштад Македонија на достоинствен пречек на нашите шампиони“, објави Шилегов на „Фејсбук“.

Бројни фанови веќе пристигнаа на Меѓународниот аеродром Скопје да ги пречекаат нашите шампиони. Пристигнати се и брендираните двокатни автобуси во кои ракометарите ќе патуваат до скопскиот плоштад каде ќе има организиран дочек.

Би можело да ве интересира

Отец Пимен: Стоилов треба да се почитува како шампион и човек со свој став

Ана Ололовска

ВИДЕО: Експлозија од радост, илјадници граѓани ги пречекаа вардарци на плоштад

Предраг Петровиќ

Слика како илјада зборови-стотици се качија во објект во изградба на плоштадот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скопјани на улиците ги дочекуваа ракометарите

Татјана Ташкова

Дибиров: Не знам како успеавме ама се договоривме да изгинеме на терен

Татјана Ташкова

Со овации присутните на аеродромот ги дочекаа ракометните шампиони

Татјана Ташкова