Вардар во Велес месецов над просекот за април

Од:

Според информацијата од Центарот за управување со кризи Вардар во Велес сите денови досега во април, бил со ниво кое е над просекот за април кој изнесува 108 сантиметри.

Вредностите кај Стар мост редовно ги мерат од УХМР.

Инаку највисок водостој од 170 сантиметри бил измерен на 8 април, а во изминатите седум денови варирал од 130 до 160. Во саботата бил 160, а вчера и денеска биле измерени 150 сантиметри.

Стручњаците појаснуваат дека причина за ваквата состојба со Вардар имаат зголемените температури кои придонеле за топење на снегот, а со тоа и зголемување на водостојот на реките.

Воедно по денешниот краткотраен дожд и дождот во наредните денови, се очекува понатамошно зголемување на водостојот и со тоа зголемување на нивото на реката Вардар.

Би можело да ве интересира

Водостоите растат: Езерата и реките во Македонија бележат значително покачување

Зголемено ниво на реките низ земјата, метеоролозите најавуваат дожд утре

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска