Ванковска од Гевгелија: Зачленувањето во идни сојузи не смее да биде заради интерес на некои други држави

Од:

Кандидатот за претседател од Левица, професорката Билјана Ванковска, како и носителот на листата за пратеници од ИЕ4, Сашко Јанчев, денес одражаа средба со граѓаните во Богданци и Гевгелија.

На средбата истите презентираа дел од програмата за изборите, ги повторија цврстите ставови претходно искажани за укинување на трите штетни договори кои ја влечат државата надолу, а тоа се Охридскиот, Преспанскиот и Бугарскиот договор.

Професорката кажа дека членувањето во некои идни сојузи не смее да биде заради интерес на некои други држави и геостратегии, туку истиот да биде само заради интереси на Република Македонија и на „нашиот македонски народ“.

Сашко Јанчев потсети дека на овие избори „немаме право на грешка, тие се судбоносни за нашиот народ и држава, дали ќе не биде или не. Не смееме 33 години да гласаме за истите партии, а истовремено да очекуваме напредок. Со СДС, ДУИ и ДПМНЕ, ниту напредок е можен, ниту силна држава“.

На крајот, професорката Ванковска и Јанчев положија цвеќе на Спомен плочата на протераните Евреи од Гевгелија за време на фашистичката окупација на Македонија, како и на Костурницата на паднатите борци од НОБ од Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Левица: Скопје како плен, реваншизам, неспособност и системско уништување под ДПМНЕ и Ѓорѓиевски

Горан Наумовски

Левица: Бараме укинување на Регулаторната комисија за енергетика

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Семејното насилство не е приватен проблем: АФЖ – Левица со работна средба за сеопфатен систем на заштита

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска